Girls in ICT day

GIRLS IN ICT DAY

Светски Самит за информатичко општество, Форум 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, на 16 Mај 2012 година, со почеток во 16часот, во Женева, во рамките на Светскиот Самит за информатичко општество, Форум 2012, го презентираше видео материјалот по повод одржаниот "Ден на девојките во ИКТ" во Македонија.

На технологијата и се потребни девојки

На оваа сесија, Република Македонија, пред панелисти од целиот свет, ги сподели фотографиите, податоците и активностите од настанот со кој на 26-ти април се одбележа меѓународна кампања "На технологијата и се потребни девојки".

Исто така беше промовиран и веб порталот www.girlsinict.mk кој е дизајниран со цел да ги поттикне девојките за кариера во областа на ИКТ.

Фотографии од настанот тука.

Академска 2012 / 2013: 2,7 % повеќе женски студенти во прва година на техничките факултети

Светската кампања "На технологијата ѝ се потребни девојки" (TECH needs girls) по само неполни пет месеци од нејзиното промовирање, веќе даде резултати.

Имено, согласно статистичките податоци на Министерството за образование и наука, добиени од уписните рокови за академската 2012 – 2013 година, од вкупниот број на запишани студенти во прва година на државните и приватните ИКТ факултети во Република Македонија, процентуалната застапеност изнесува 73,4% за машките и 26,6% за женските студенти, наспроти 76,1% машки и 23,9% женски студенти минатата година. Се работи за пораст од 2,7% женски студенти во однос на минатогодишната академска 2011 – 2012 година.

Резултатите сами за себе зборуваат дека успешно се поттикнаа припадничките на понежниот пол да се запишуваат на ИКТ факултетите. Во перспектива, тоа ќе овозможи рамнотежа на застапеноста помеѓу двата пола, но она што е најважно, ќе се зголеми вкупниот број на работна сила од ИКТ областа во Република Македонија.

Радува податокот што оваа кампања, заедно со кампањата на Министерството за образование и наука за студирање на техничките факултети,придонесе за подигање на свеста меѓу младата популација да го продолжи своето образование на факултетите на кои се изучуваат информатичко - комуникациските технологии.

Концептот "Девојките во технологијата" со сигурност и во иднина ќе претставува голем стимул за понатамошно отворање на нови можности и хоризонти, пристап до нови знаења и секако препознавање на младите таленти и несебично инвестирање во нивните капацитети.

Стипендии за ученичките - првенки на генерација

Пораката "На технологијата ѝ се потребни девојки" и добрата идеја беше препознаена од најголемите компании од ИКТ секторот во Р. Македонија кои дадоа и свој придонес во реализацијата на кампањата. Како дел од активностите, во септември 2012 беа доделени бесплатни обуки од областа на програмирањето, дизајнот, компјутерската анимација и мрежна администрација, на првенки на генерација од неколку основни училишта во Скопје.

Па така, десет ученички од неколку основни училишта во Скопје, кои се првенки на генерација, добија стипендии во вид на бесплатни обуки од областа на информатичко-комуникациските технологии.

Стипендиите ги доделија Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со МАСИТ и СЕМОС, во чиј едукативен центар ќе се одвиваат обуките.

Квалификациите со кои ученичките ќе се стекнат по завршувањето на обуките, комбинирани со знаењата и натамошното образование, претставуваат капитал кој ќе придонесе за понатамошен развој на Република Македонија како современо и модерно информатичко општество.

www.mioa.gov.mk
www.masit.org.mk

ОРГАНИЗАТОРИ